Место координати и бројки

Три зборови што ја одредуваат вашата локација

Непрецизното адресирање е причина за непристигнување на пратки во 75% од светот (што е повеќе од 135 држави). Голем број луѓе така стануваат „невидливи" и тие, затоа што живеат некаде кадешто нема официјална улица, населба или општина, не можат да добијат известувања или помош. Eдна британска фирма има решение.

Овие податоци се преземени од what3words, компанија која дошла до необично решение за проблемот на глобално ниво. Тие го поделиле светот со „решетка" составена од 57 трилиони квадратчиња со големина од 3х3 метри, а нивниот геокодер ги претвора географските координати во адреси составени од 3 зборови, при што ниту една комбинација не се повторува. Сметаат дека ваквиот начин на адресирање е многу поедноставен отколку системот на поштенски кодови, географски широчини и должини и улични адреси. Нивниот слоган е „зборовите пред бројките", при што во моментов на сајтот се достапни верзии на 11 јазици (меѓу кои монголски, шведски и арапски).

Доколку сакате да пробате кои три зборови ја одредуваат вашата местоположба, пробајте тука. Бидејќи димензиите три на три метри е секако мала за една самостојна локација, можни се и повеќе верзии, но системот дава една централна комбинација по адреса.

Системот официјално почнал да се применува во Монголија, каде владата во партнерство со спомнатиот британски стартап ја поделило земјата на парцели на кои им доделила вакви адреси составени од три зборови. Причината за оваа интервенција е што Монголија е една од најретко населените земји во светот, улиците дури и во главниот град често немаат познати имиња, а една четвртина од населението е номадско. Така сега наместо одредувајќи се според насоки од типот „кај високата сина зграда" човек може да се ориентира според „маса.слобода.јајце" во апликацијата. Одма друго.

20 јуни 2016 - 10:00