100 години од раѓањето на Били Холидеј

Родена како Елеанора Фаган на 7. април 1915, со прекар Lady Day, Холидеј има извршено огромно влијание врз џез и поп пејачите, но и врз историјата на музиката воопшто.

Била прва црна жена која настапувала со бел оркестар, имала бурен живот обележан со зависности, затворски казни и врски со терсене мажи, а кога умрела на 44 години повеќе од 3,000 луѓе присуствувале на нејзиниот погреб во катедралата Св. Павле во Њујорк.

Во 1972 нејзината автобиографија „Дамата пее блуз" е преточен во филм, со Дијана Рос во главнатa улога. Греми за животно дело добила дури во 1987, а во 1999 списанието Тајм ја прогласи Strange Fruit за песна на векот. Никогаш не научила да чита ноти. Настапувала со букет бели гардении во косата. Љубовта ја споредувала со чешма, која понекогаш тече, а понекогаш не.

Во ова двоминутно видео Винтон Марсалис, трубач, композитор и добитник на Пулицер (прв доделен за џез албум), го анализира сензибилитетот на нејзиниот глас, кој и денес се смета за еден од најголемите во историјата на музиката. По повод стогодишнината од нејзиното раѓање тој, како уметнички директор на њујоршкиот Jazz at Lincoln Centre, oрганизира фестивал посветен на Били, кој ќе се одржи од 9-12 април. 

А од нас, Strange Fruit - секое слушање е ежење

7 април 2015 - 16:59