Леонард Коен

Што е тоа „светец“?

„Светец е некој кој ги остварил замислените човечки потенцијали. Невозможно е да се каже што се подразбира под тоа. Мислам дека има некаква врска со енергијата на љубовта. Последица на контактот со оваа енергија е вопоставување еден вид рамнотежа во хаосот на постоењето. Светецот не го разредува хаосот, да го правеше тоа светот одамна ќе беше поинаков. Не мислам дури ни дека светецот го разредува хаосот за него самиот- има нешто арогантно и воинствено во идејата за човек кој воведува ред во Космосот. Неговата слава е некој вид рамнотежа. Нешто во него толку го сака светот, што им се предава на законите на гравитацијата и на случајноста. Далеку од тоа да лета со ангелите, тој со верност на сеизмографска игла ја трасира состојбата на цврстиот крвав пејсаж. Неговата куќа е опасна и омеѓена, но тој е дома во светот. Го љуби обликот на човечките суштества, фините и неправилни форми на срцето.

Добро е меѓу нас да имаме такви луѓе, такви балансирачки монструми на љубовта“

(Леонард Коен, „Прекрасни губитници“)

4 септември 2016 - 20:53