Иновативен еколошки дизајн

Расте како лампа после дожд

Даниеле Трофе дизајнира еколошки издржан мебел, кој не само што е инспириран од природата, туку користи и такви, природни материјали. Нејзиниот последен проект е наречен Mush-lume, и претставува лампа изработена од печурки.

Лампите се направени во партнерство со компанијата за зелени материјали Ековатив, а се работи за земјоделски отпад, главно кочани пченка и лушпи од зрна. Овој куп бил спакуван во пластичен калап во кој потоа бил инјектиран течен миселиум, габа која расте на различни материјали и ги спојува како лепак. Ако сопственикот кога и да е сака да се ослободи од лампата, таа може да биде скршена и да биде едноставно фрлена сред трева, и самата ќе се разгради.

Купувачите не мораат да се плашат дека јато спори ќе ја нападнат нивната дневна соба, бидејќи една фаза на печење низ која минува печурката оневозможува нејзино понатамошно репродуцирање, а во текот на производството воопшто не се користи органско ѓубриво. Всушност, ова и не може да се нарече производство во класичната смисла на зборот, туку повеќе се работи за одгледување на производот, со користење на иновативна печуркарска технологија.

Погледнете го видеото во кое авторката го објаснува процесот.

11 април 2014 - 14:51