„Окофаќач“

Рамка која ви го следи погледот

Знаете она кога некоја слика толку ви се допаѓа (или напротив, ве вознемирува) што ви се чини дека ве следи каде и да одите? Епа оваа рамка го овозможува токму тоа - таа физички да оди во чекор со вас.

Дизајниран во Интерактивната архитектонска лабораторија во Барлетовата школа за архитектура при Универзитетскиот колеџ во Лондон, овој систем, кој се нарекува „Окофаќач" (The Eye Catcher), се состои од мала камера скриена зад дрвена рамка. Таа ја следи позицијата на оној кој минува крај неа и автоматски се репозиционира, така за да му биде блиску. Целата работа ја овозможуваат магнети и роботска рака која се движи зад лажниот ѕид. 

Некои ја нарекуваат рамката апгрејд на ефектот на Мона Лиза, која изгледа како да ве набљудува и ви се смешка каде и да стоите. Нам би ни било шубе цело време да ни се прикрадува, и би ни доаѓало да ѝ викаме „иш-иш".

29 октомври 2014 - 13:49