Поштенски марки со скриени загатки во чест на Агата Кристи

Оваа година се навршува еден век откако Кристи го напишала нејзиниот прв детективски роман, „Мистериознaта случка во Стајлс“ (објавен во 1920), во кој се јавува ликот на Еркул Поаро. За да го одбележи јубилејот, Kралската пошта на Британија објави сет иновативни марки, посветени на шест од нејзините најпознати дела.

Дизајнирани од лондонското студио Сатерленд, во соработка со британскиот илустратор Нил Веб, марките прикажуваат клучни сцени и ликови од „Убиство во Ориент експрес“, „Мистериозната случка во Стајлс“, „Телото во библиотеката“, „Десет мали црнчиња“, „Убиството на Роџер Акројд“ и „Најавено убиство“.

Но она што е најинтересно е што секоја марка содржи скриени назнаки за решавање на загатките во романите. Така, на марката посветена на „Роџер Акројд“ е прикажан убиецот со неговиот нож кој e истовремено сенка на главниот лик, а пак пораката оставена по самоубиството на неговата љубовница која тој ја држи во раката укажува на причината за самоубиството. За да се откријат овие хинтови потребни се лупа, трпение, а за некои марки и инфра-црвена светлина.

На оваа пак посветена на „Мистериозниот настан кај Стајлс“, Поаро и Хастингс го истражуваат местото на злосторот, формирајќи череп, укажувајќи на тоа дека убиецот користел отров. Целата марка потоа е репродуцирана како минијатура на самото шише со отров.

Марката за „Десет мали црнчиња“ е дизајнирана како профил на непознатиот убиец, а песната, која е клуч на загатката, е прикажана како одраз на месечината.

Најтешкото за дизајнерите било да се сумираат комплексни заплети во еден цртеж, а притоа да се дадат само суптилни назнаки. Според она што го гледаме како резултат, во тоа и успеале.

Поврзано: Стрип за животот на Агата Кристи

21 септември 2016 - 13:55