Фото серија

Писателот е најдобар пријател на кучето

Дан Банино е италијански фотограф, чиј живот бил променет дента кога го вдомил неговото куче Ротко, земен од прифатилиште за кучиња-скитници.

Банино почнал да ги фотографира и другите кучиња во азилот, и ги комбинирал со портретите на омилените писатели. Резултатот е неверојатен - од изразот на лицето, пардон - муцката, до очите и држењето на телото, некои парови се навистина огледални.

Серијата се вика „Поетски кучиња" и целиот приход од продажбата на фотографиите и календарот ќе одат за поддршка на азилот. Бидејќи повеќето од нив биле трауматизирани, на Дан му било потребно многу трпение да ги одоброволи и да ги слика, без употреба на блиц, кој ги плашел. Еве отприлика како изгледало тоа:

(горе- Бароуз)

Марк Твен

Толстој

Шарл Бодлер

Браќата Грим

Шекспир

Буковски

Оскар Вајлд

Едгар Алан По

Жан-Пол Сартр

9 јануари 2015 - 16:54