Опера посветена на Фрида Кало (со посебно мени за публиката)

Мичигенската опера на 7. март во Детроит ќе одржи премиера на претставата „Фрида", посветена не само на животот и делото на Фрида Кало, туку и на една нејзина поинаква страст - готвењето.

Животот на Фрида Кало е како создаден за опера: љубов, уметност, револуција. Но не помалку значаен е нејзиниот хедонизам, особено љубовта кон храната, којашто е очигледна во големиот број нејзини мртви природи. Забавите во Мексико сити кои таа ги организира биле познати по вкусната храна којашто самата ја подготвувала.

Рецептите таа главно ги имала научено од претходната жена на нејзиниот сопруг Диего Ривера - во тоа домаќинство храната имала толку важно место што поќерката на Кало, Гвадалупе Ривера, во 1994 објасила книга со рецепти, под наслов „Гозбите на Фрида".

Сега операта влегува во партнерство со тројца водечки готвачи во мексиканската енклава на Детроит, кадешто Кало живеела со нејзиниот сопруг во текот на 1932. Тие во текот на прикажувањето на претставата ќе ѝ понудат на публиката мени составено од најдоброто од мексиканската кујна, како и од рецептите кои ги подготвувала Кало.

Автор на операта е Роберт Хавиер Родригез, а либретото е двојазично, англиско и шпанско, со титлови. Според него претставата го прославува духот, сексуалноста но и ранливоста на Фрида, со музика којашто е исто толку живописна колку и нејзината уметност.

Видео за процесот на работа на операта

Горе: дело на наша читателка на едно од изданијата на „Фестивалот на јадење книги“

26 февруари 2015 - 15:03