Јака штикла

Нова реклама на Линч за лак за нокти

Kултната серија Твин Пикс, која ги одбележа 1990-тите, неодамна наполни 25 години. Се изнапишаа куп анализи и ретроспективни есеи за откачениот стил на Линч, кој доследно си се држи до него. Дури и во најновата реклама за - лак за нокти.

Добро, не е каков било лак, туку е на Кристијан Лубутин, и чини 50 долари по шишенце. Ова не е прва соработка помеѓу славниот дизајнер и режисерот - во 2007 тие заедно работеле на неколку фотографски изложби во Париз, на тема фетишизација, со модели кои носеле наменски направени чевли со штикла од 25 сантиметри, целите покриени со боцки - и од внатре и од надвор.

Истиот мотив на боцка го има и во новава реклама за лакот, кој од штикла се претвора во капаче за шишенцето. Taa е необична исто како и производот, бидејќи додека други производители заради диверзификација на купувачите нудат неколку нијанси од истата боја на лак, Лубутин нуди само една нијанса на црвено, истата онаа која се наоѓа на долната страна на неговата позната женска салонка.

30 јули 2014 - 15:57