Роко Зифреди рокс

Нов документарец за „италијанскиот пастув“

„Патинестиов“ маж на сликава тешко ќе го препознаете дури и ако сте пасиониран љубител на неговите филмови. Затоа што ликот не му е главниот актерски „инструмент“. Порно легендата сега е тема на нов документарец.

„Италијанскиот пастув“ Роко Зифреди, чие вистинско име е Роко Антонио Тано, го има добиено името по ганстерски лик од филмот со Ален Делон, Борсалино. Неговото име се појавува на шпицата на 1400 филмови за возрасни, со акцент на оние со погруб секс. Но на овогодишниот филмски фестивал во Венеција се прикажа еден поинаков филм со и за него - „Роко“, документарец за ова „секс божество“ на двајца француски режисери.

Филмот ја покрива 2015, последната и турбулентна година од кариерата на сега пензионираниот Роко, неговите патувања од Будимпешта, каде што живее со жената и двата сина и води порно студио, до сетовите во Лос Анѓелес и на други места. Голем дел од 105-те минути се всушност посеветени на борбата на Роко со „ѓаволот меѓу неговите нозе“.

Во интервју дадено по повод филмот за Дејли Бист, Роко раскажува за „Срам“ на Стив МекКвин со Мајкл Фасбендер во главната улога, во кој главниот лик се бори со сопствената сексуална зависност. „Кога го видов филмот“, вели Роко, „не можев да спијам. Секоја вечер имав кошмари. Фасбендер во тој филм поминуваше точно низ она што јас го имам минато.“

Неговиот прв обид да излезе од индустријата бил во 2004, кога само што наполнил 40 а неговиот постар син почнал да прашува што работи тато. Но тоа не одело така лесно - Роко не само што е добар порно актер, туку отсекогаш го сакал сексот. На 13 години прв пат го имал со 21-годишна девојка, а кога наполнил 20 веќе бил редовен во секс клуб во Париз, каде го викале „Италијанецот со големиот к*р“. Една вечер, додека имал секс со некоја жена, го забележал својот порно идол, Габриел Понтело, како гледа во него. Тој го запознал момчето со порно продуценти, а останатото е историја.

Репутацијата на „груб“ го следи низ целата негова кариера, а продуцентите ги предупредуваат жените кои треба да снимаат со него соодветно да се подготват за комбинација на „насилство со задоволство“ и да си испланираат најмалку два дена слободни по снимањето за да дојдат на себе. Но Роко тврди дека ова е претерано, и дека никогаш не би ѝ направил на жена нешто што таа не го посакува. За разлика од неговиот колега Џејмс Дин, кого го обвинија за серија силувања, на Роко до сега никој не се пожалил.

Последен негов настап пред пензионирањето бил во „Островот на славните“, италијанско реално шоу, каде требало една недела да преживее на плажа гол и сам.

„Тука открив што се моите вистински приоритети. Моќта и убавината на порното не е реално. И тоа веќе не ми е важно“.

Освен во порничи, Роко има играно и во друг жанр филмови, на пример во италијанската комедија „Свадба во Париз“. Сега се занимава и со активизам - минатата година започнал онлајн петиција адресирана до италијанската министерка за образование Сетфанија Џанини за обврзно сексуално образование во италијанските училишта. На ова бил инспириран откако девојки од по 14-15 години му се пожалиле дека нивните дечковци се прилично насилни за време на секс, бидејќи сакаат да бидат „како Роко“. Третирањето на порното како сексуално образование, а не како забава за возрасни, според Зифреди е многу опасно. А за имитаторите кои мислат дека ако шамараат жени на екран се Роко, има само презир. Неговите колешки од порно бизнисот главно се фрлија на пишување книги, па можеби автобиографија е неговиот следен чекор на овој порно-џентлмен.

Извадок од филмот:

Поврзано: „Јас сум Џени“ од Џени Кечам
„Друштвото на Јулија“ од Саша Греј
Нова книга на Џена Џејмисон
(и едно незгодно ни е да кажеме уште колку текстови на тема порно на сајтов)

24 октомври 2016 - 10:07