Збогатување на јазикот

„Лапање" конечно во францускиот речник

„Францускиот бакнеж" отсекогаш бил француски. Но дури сега тие самите правописно го усвоија терминот, па можат вака да се бакнуваат без јанѕа дека прават..хм..јазична грешка.

Во најновото издание на речникот на француски јазик Le Petit Robert, кое се планира за 2014, бацувањето со јазици или galocher (и именката galoche) ќе станат официјални лексикографски единици. Со тоа досегашниот „француски бакнеж", од сленг преминува во официјалниот правопис.

Се претпоставува дека терминот French kiss се проширил во англискиот по Првата светска војна. Во тоа време (а богами и се уште) Французите имале репутација на авантуристи на полето на сексуалните практики. Во францускиот пак la galoche е лизгалка, па излегува дека и бакнежот е некакво „лизгање" по усните и јазикот.

Едно е јасно - тоа што Французите до сега немаа официјално признаен термин за ова не им преставуваше проблем да го практикуваат. Исто и нам со „лапање".

31 мај 2013 - 12:31