Книжевна местенка

Кога читаш книги со лажни корици во јавност

Ако веќе се перчат со тоа која книга ја читаат, луѓето обично тоа го прават за да изгледаат (по)интелектуално, или за да делуваат како да се способни да се концентрираат на тежок наслов дури и возејќи се во автобус. Но овој „читател" е поинаков.

Комичарот Скот Роговски направил експеримент во њујоршкото метро - среде гужвите, на очиглед на сите, тој се преправа дека чита книги чии корици ги има измислено и отпечатено самиот. Меѓу нив се: „Mein Kampf: за деца", „Како да потиснеш прдеж", „Почетнички водич за таксидермија" или „1000 места кои треба да ги посетиш пред да те егзекутира ИСИС".

Колку и да ја почитуваат приватноста и да се обидуваат да не ѕиркаат во туѓата читанка, со-патниците на Роговски не можат а да не покажат изненадување кога ги забележуваат насловите, кои се намерно огромни и со провокативни слики. Не дека пак реални наслови и корици на книги не знаат да бидат дури и поневеројатни, за што пишувавме тука

Целото видео со реакциите:

8 април 2016 - 15:30