Откачена реклама од седумдесетите

Како да промовираш речник

Има ли нешто подосадно за рекламирање од речник? Врти-сучи, што и да смислиш пак мора да биде нешто што ќе ги убеди купувачите дека си академски настроен и сериозен. Или?

Во 1973 излегол големиот American Heritage Dictionary. По тој повод е направено промотивно видео (16 мин) кое воопшто не се совпаѓа со она што би очекувале од една ваква реклама. Да, има дефиниции на различни зборови и објаснување на лингвистички концепти, но сето тоа е направено низ духовити, но и по малку бизарни сцени.

Клипчето почнува со бело зајаче - асоцијација на филмот на Вуди Ален „Сè што секогаш сте сакале да знаете за сексот (а сте се плашеле да прашате)", а и насловот е сличен - „Сè што сте сакале да знаете за: секти, сетови, секс, префикс..". Но она што следи повеќе личи на Монти Пајтон, особено заради секретарките со тоа фризурите и изгледот на нивните канцеларии.

Замислете вакво видео за нашиот толковен речник, кога ќе го завршат?

25 јули 2014 - 16:04