Фото-археологија на сегашноста

Грција која умира

Се сеќавате на збирката фотографии на некогашно Скопје на ВББ, која содржи и голем број продавници кои веќе ги нема? Еден грчки фотограф почнал да ги слика оние во неговата земја кои или се веќе затворени, или едвај преживуваат. Наскоро тие ќе бидат интересни само за историчарите и археолозите.

Јоргос Макас е фотограф од Атина, кој се обидува да ги документира промените во грчките градови во последниве неколку години. Неговиот проект има интересен, само навидум парадоксален наслов - „Археологија на сегашноста" - затоа што се состои од фотографии на продавници кои иако сè уште постојат всушност пропаѓаат.

„Атина рапидно се менува, центарот го заземаат богати сопственици, па одлучив да ги сликам сите овие продавници бидејќи тие нема веќе да бидат тука за две или три години", вели авторот. Но на фотографиите има продавници и од други грчки градови на кои им се заканува истата судбина, како Солун и Јанина, а главно се работи за мали дуќани кои го претставуваат пропаднатиот сон на нивните сопственици по Втората светска војна да поседуваат семеен занает и дуќан. Некои од нив се продавници за мебел, други се за електро-техника, но најмногу има книжарници и занаетчиски дуќани.

Повеќе на Инстаграм профилот на Макас 

 

 

 

 

 

19 декември 2014 - 17:42