Како ли би поминало ова кај нас?

Гол Диоген на загрепските улици

Mинатиот викенд на плоштадот Тесла пред Културно информативниот центар во Загреб уметникот од Тајван Лан Хунг, во склоп на перформанс инспириран од Диоген, требаше да мине осум часа во потрага по Човек. Лоша вест - бил отстранет од полицијата по пет. Добра вест - толку часови шетал гол низ строгиот центар.

Од минатата година во главниот град на Хрватска се одржува фестивал под наслов „Загреб, те сакам" чија цел е да ја истражува позицијата на голото тело во јавните простори, а е во спомен на истоимениот перформанс на Томислав Готовац, еден од првите концептуални уметници во бивша Југославија, кој во 1981 лежеше гол на загрепскиот асфалт и го бакнуваше.

Лани настапите на швајцарскиот колектив Ритуал театар (видео подолу) и на американско-корејската уметничка Миру Ким биле прекинати на самиот почеток. Оваа година Тајванецот сепак успеал дури пет часа да остане не само ненавреден и ненападнат, туку и да оствари комуникација со публиката, која му испишувала пораки на ѕидовите на неговата дрвена „куќичка“.

И покрај неславната завршница на перформансот организаторите се пресреќни, бидејќи во однос на минатата година реакциите на публиката биле од неутрални до позитивни и подржувачки. Ваквата разлика според коментатор на Јутарњи се должи на микролокацијата на настанот. Имено оваа година тој се одржа пред Културно-информативниот центар, а не на Цветни трг кадешто се одвивал минатата. Колку и да звучи чудно, и само педесетина метри разлика можат да влијаат врз атмосферата и приемот на одреден настан.

Еве ја полициската реакција лани:

22 септември 2015 - 08:11