Џорџ Орвел: Зошто левичарите треба да ѝ се благодарни на монархијата?

Оваа недела умре еден принц, ама една кралица, британската, слави 90 години. Републиканците го искористија поводот за да ги обноват нивните повици за укинување на монархијата, или во најмала рака за воведување референдум по нејзината смрт. 

Нормално, едно од прашањата кои се поставуваат секогаш кога Британците имаат некаква дилема е - што би рекол Орвел?

Индипендент, во својот полу-хумористичен текст „90 причини зошто да се укине монархијата", наведува неколку навистина сериозни - тоа дека ушите на Чарлс најверојатно не би ги собрало под круната, тоа што Британците нема да мора да се преправаат дека се будни по божикната вечера за да го слушаат обраќањето на кралицата, или дека Дејвид Атенборо би можел да биде претседател.

Но шегата на страна, укинувањето на монархијата би можела да има и негативни ефекти, кои ги наведуваат дури и оние со помешани чувства кон кралското семејство. Таков е и Орвел, кој го брани постоењето на уставна монахрија без вистинска моќ, како брана од потенцијалот за фашизам:

„Функцијата на кралот во промовирање стабилност, и неговата улога како столб во едно недемократско општество е, се разбира, очигледна. Но тој има, или може да има, и функција на издувен вентил за опасни емоции.

Еден француски новнар еднаш ми рече дека монархијата е едно од оние нешта кои ја спасиле Британија од фашизмот. Она што го мислеше е дека модерните луѓе не можат да се идентификуваат со барабани, знамиња и паради на лојалност, и дека е подобро тие да се приврзат кон лидер кој е всушност фигура без реална моќ. Во еден диктаторски режим, моќта и славата припаѓаат на еден ист човек. Во Англија реалната моќ им припаѓа на незабележливи луѓе во црни качпиња, а суштеството кое се вози во позлатена кочија зад војници со железни штитови е всушност восочна фигура. Сè додека постои ваква поделба на функциите, еден Хитлер или еден Сталин не може да дојде на власт.

Во целина европските земји кои најуспешно го одбегнаа фашизмот се уставни монархии. Веројатноста дека едно трајно кралско семејство кое се зема здраво за готово нема да произведе силни карактери со политичка амбиција се големи. Такви има во Британија и Скандинавија, но не и во Шпанија или Романија.

Доколку му укажеш на овие факти на просечниот левичар тој многу се лути, но само затоа што не ги има преиспитано сопствените чувства кон Сталин. Не ја бранам институцијата монархија во апсолутна смисла, но сметам дека во доба како нашево таа може да има заштитен ефект, и да направи многу помала штета отколку постоењето на нашата таканаречена аристократија".

Може идејата за македонски крал (или уште подобро - кралица) и не е така вон умот, а?

22 април 2016 - 09:11