Џо бака: традиционалниот индиски поздрав кој стана вирален

Гуџарати е јазик карактеристичен за западниот индиски регион под истото име, кој го зборуваат 55 милиони луѓе. Еден традиционален израз од него доживува глобална слава откако неговата суштина е илустрирана со емотикон, користен особено помеѓу големите индиските заедници низ светот.

„Џо бака" е пријателски поздрав или изрека, кој се преведува отприлика со „види пријателе" (скопски: „прати се'а"), како вовед во некаква важна изјава, за да му се привлече внимание на соговорникот. Токму така и се користи новиот емотикон (пиктограм или емоџи), креиран од тим индиски програмери како финта, која многу бргу станала вирална. Само во последниве неколку недели се создадени 350,000 верзии кои го користат овој симбол, преку апликации кои овозможуваат креирање на сопствена „џо бака" порака.

Но популарноста на емотиконот сега ја користат и индиските јавни институции. Така, Министерството за здравство на Индија одлучило да го вметне во пораки за превенција на зарази и промовирање на хигиена. Овој на пример вели: „Слушни пријателе! Не си го расипувај животот со јадење (да, јадење) тутун, не им штети на другите со плукање по подот".

Џо бака се користи и за коментирање на национални прашања, па и меѓународна политика. Еден од нив е божемно извинување на Обама заради тоа што не му дал на индискиот премиер Наренда Моди виза за влез во САД во времето кога овој бил министер за Гуџарат во 2005. Кратко време откако стана премиер оваа година, Моди бил пречекан со специјална церемонија во Белата куќа.

17 октомври 2014 - 07:38