Црно па се не види

Дали уметник може да поседува боја?

За британско-индискиот уметник Аниш Капур пишувавме и претходно, кога тој во градината на палатата Версај постави контроверзна скулптура на вагина на кралицата. Деновиве нему повторно црно му се пишува. Но тоа овој пат му оди во прилог.

Во текст под наслов „Колку нијанси црно постојат?" ја следевме историјата на оваа не-боја и го завршивме со следново - „Современите уметници сè уште трагаат по најцрната од црните, а кога таа ќе биде пронајдена она што ќе го симболизира може само да се насети". Сепак деновиве една токму таква нијанса не предизвикува некаков филозофски или симболички интерес, туку многу прагматичен, кој има врска со авторски права, пари и слава.

„Вантацрна" е боја развиена од британската компанија НаноСистеми за астрономски и воени цели, на пример покривање на надворешноста на сателитите, за таа да не создава отсјај. Бојата е направена од голем број микроскопски карбонски нано-цевчиња кои апсорбираат само 0,035% од видливата светлина. Или по наше поцрно - здравје.

Капур доби ексклузивни права за користење на таа боја, која според многумина има „нереални својства" и оттаму е привлечна за голем број уметници. Сепак НаноСистеми се одлучиле за Капур бидејќи тој работи со оваа неа од 2014 и затоа што ја користи на креативни начини, како во оваа инсталација,„црна јама" која изгледа како идеална за корица на книга на Хокинг, а која беше поставена пред една година на изложба во Лондон.

Сликарите низ светот се побунија што една боја е монополизирана од само еден уметник. Но ова не е прв пат тоа да се случи - во 1960 Ив Клајн во Франција регистрирал формула за темно сина нијанса и ја нарекол ИКБ, или International Klein Blue.

8 март 2016 - 08:13