Имате ли вакви дома?

Читокупови или книгоридови

Знаете она, кога купувате, позајмувате или ви подаруваат книги, а вие само си ги редите на купче, убедени дека некогаш ќе ги прочитате? Епа Јапонците имаат збор за овој феномен. 

„Цундоку" совршено го опишува ентериерот кој владее кај повеќето „љубители на пишаниот збор", кои не дека не сакаат да читаат, туку ете просто не стигнуваат од други попрофани задачи.

Зборот потекнува од почетоците на модерна Јапонија, ерата Меиџи (1868-1912). Tsunde oku значи да оставиш нешто да се трупа, но во тој период некој го заменил „оку" со „доку" што значи да се чита, и ги слеал двата збора, добивајќи го цундоку.

Покрај неколкуте јапонски зборови кои веќе ги имаме прифатено (караоке, цунами) би можеле лесно да го искористеме и овој - „Леле какво цундоку имам до кревет!". За трупање електронски книги може да се користи варијантата е-цундоку. А за да биде поавтентично, „читокуп“ или „книгорид“ звучи исто така добро. 

Еве го мојот. Добро, сликовниците се прочитани по повеќе пати, а повеќето од книгите се и почнати. Ама ако не ги видите претставени во Букбокс следниве месеци, значи тука некој забушава..

Бонус: добар совет од еден моден креатор.





 

24 јули 2014 - 15:59