Нов албум на „божицата на челото“

Цепелин, Џоплин и Хендрикс на виолончело

Финтата на свирење кавери на овој инструмент како да се потроши по успехот на метал-челата на Апокалиптика или на хрватските 2Cellos и нивните обработки на Мајкл Џексон или AC/DC. Но освен што жена на виолончело е многу посекси, Maja Беисер (Maya Beiser) е и повеќе по стариот добар рокенрол.

Минатиот месец излезе нов албум на американската виолончелистка со израелско потекло, која живее во Њујорк, а има диплома од музичката школа на Јеил. Њујоркер ја има опишано како „божица на челото", а Сан Франциско Кроникл ја нарече „кралица на современите жичани инструменти".

Таа до сега има седум соло албуми, а последниот под наслов Uncovered се состои од обработки на рок легенди како Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Лед Цепелин, Хаулин' Вулф, Мади Вотерс и Пинк Флојд. Тоа е отстапка од досегашната практика да свири или класични дела, или дела на современи композитори, како Брајан Ино или Филип Глас, кои имаат напишано композиции специјално за неа и нејзиниот инструмент. Сепак, таа смета дека рокенрол музиката која ја има обработено на новиот албум е подеднакво значајна и вредна колку онаа на Бах или Шуберт.

Нејзината изведба на „Кашмир“ на Лед Цепелин

Oригиналната на Цепелин

5 септември 2014 - 14:09