Интервју со Џеф Бриџис

„Би бил горд ако во некрологот ме наречат Дјуд“

Шест години откако го сними „Тру грит“ со браќата Коен, Бриџис повторно глуми во нео-вестерн, еден од највисоко оценуваните филмови годинава, „Хел ор хај вотер“. Во интервју за Ролинг Стоун тој зборува на повеќе теми, меѓу кои за незгласливата популарност на Дјуд, Дилан и што научил од татка си.

Постојано работите веќе педесет години, а никогаш не станавте супер-ѕвезда. Дали можеби е подобро што немавте еден голем успешен период?

Татко ми, Лојд Бриџис, имаше голема ТВ серија во доцните педесети и раните шеесети, под наслов „Морски лов“. Толку беше добар во глумењето гњурец, што луѓето мислеа дека тој се игра себеси. Тоа е голем комплимент за еден актер, но исто така е фрустрирачки, затоа што понатаму постојано му даваа сценарија за гњурење. Во мојата кариера се обидов да не развијам пресилен лик, за да не ви биде тешко да ме замислите во која и да е улога. Сакав пријатно да ја збунам публиката околу тоа кој сум јас всушност.

Кога не правите филмови имате бенд „Абајдерс“. Која музика сè уште најмногу ве допира?

Боб Дилан. Ги сакам сите различни инкарнации на неговата музика.

Која ви е омилена од него?

Прва која ми текна е „Човекот во мене“, затоа што беше во Биг Лебовски. Со бендот имаме верзија на оваа песна. Работевме заедно на „Маскиран и анонимен“ во 2004. Ќе тропнеше на вратата и ќе речеше, „Еј, сакаш да свириме?“. И ќе ја почневме „Ми припаѓаш мене“ која ја направи за саундтракот за „Родени убијци“.

Џеф кај Конан ја пее The Man in Me

Koj e вашиот херој?

Архитектот и пронаоѓач Баки Фулер. Тој имал една аналогија во врска со океански танкери: користат мали кормила за да ја променат насоката на големото кормило, а големото кормило го насочува бродот. Баки велел: „Тоа е метафора за тоа како поединецот влијае врз општеството. Ние сме сите мали кормила, затоа што сме поврзани со таканаречените помоќни луѓе, а тие луѓе можат да го насочат општеството во одредена насока“. Всушност тоа и му го пишува на гробот: „Наречете ме мало кормило“.

Која е најголемото нешто што сте го купиле во животот?

Пред 25 години јас и жена ми ја купивме куќата на Кени Лоџинс во Санта Барбара. Беше прескапа за нас, но рековме што има врска. Си го пораснавме семејството таму. Си ги пруживме чергичето во совршен момент во нашите животи, и ни испадна супер.

Женети сте со истата жена речиси 40 години. Тоа е подолго од кој и да е друг брак во Холивуд. Која е вашата тајна?

Едноставно сум луд по неа. Ако се ожениш, мораш да работиш на тоа. Имавме и некои лоши моменти, но не се однесувавме цинично. Тоа се добри можности да се запознаете подобро. Сè е поврзано со интимноста. Тоа е главниот „хај“ во животот.

Вежбате ли?

Би можел да бидам пољубезен кон моето тело. Како актер некоја улога може да биде одличен изговор за да не се биде во кондиција. Мислам, бидејќи сигурно никој не сака да го види Дјуд со развиени стомачни мускули, си дозволувате да јадете хамбургери. Тежината ми варира. Љубопитен сум за ова „крио“ што го зборат, те ладат три минути на температура од минус 120. Наводно помагало за воспаленија.

Ако глумите во филм со голем буџет, како RIPD, и тој не се покаже, дали го сфаќате тоа лично?

Не баш. Кога ќе излезе филмот јас веќе работам на нешто друго. Плус, веќе ми имаат платено (се смее). Овој новиов, „Хел ор хај вотер“, е многу кул филм. Тоа не се случува стално, па кога ќе се случи викаш „Вау!“.

Што совети сте добивале кога сте имале 20 години?

Добивав совети, ама не ги слушав. Татко ми ми велеше: „Сè е до навиките. Треба да создадеш добри навики“. А јас велев, „Не тато, треба да се живее секој момент од животот. Да се живее како да ти е прв ден и да се биде свеж“. А тој велеше: „Супер ти е тоа, но ние не сме такви. Ние сме суштества создадени од навики. Тие треба да се развиваат“. Како што стареам, ја гледам неговата поента. Она што го правиш, тоа и стануваш.

Што научивте како млад актер што ви помогна во кариерата?

Неодамна загубивме прекрасен режисер, Мајк Чимино. Кога глумев во неговиот прв филм, „Тандерболт енд Лајтфут“ бев во раните дваесети и бев многу несигурен и вознемирен. Не се чувствував како човекот што требаше да го играм, не можев да се идентификувам со ликот. Дента пред почетокот на снимањето му реков на Мајк, „ако сакаш да ме отпуштиш, нема да те обвинам“. Ме погледна и ми рече - „Ја знаеш играна брканица? Епа во неа си“. Испадна одлично вложување доверба. Сега, кога и да сум во ситуација за која не знам дали сум дораснат, помислувам на ова. Едноставно мора да ја завршиш работата.

Ако во првата реченица на вашиот некролог ве наречат Дјуд, дали тоа ќе ве навреди?

О, не. Би било супер. Горд сум на тој филм. Боже, тоа е прекрасен филм.

Колку пати дневно ве прашуваат во врска со тоа?

Пред само неколку минути потпишав неколку кегли. Тоа е нормално. Некој ќе ми подаде нешто и вели: „Нацртај слика! Нацртај го Дјуд!“. Веројатно ги продаваат на и-беј или слично.

Извор: Ролинг Стоун

19 септември 2016 - 14:22