Авторите на Саут Парк: „Сатирата стана реалност“

Мат Паркер и Треј Стоун велат дека новата американска администрација ќе биде тешка за заебавање. Причина - тие веќе се доволно комични. А сепак и толку реални.

Знаете дека настапил нов светски поредок, кога политичката стварност е толку откачена што дури и Саут парк не може веќе да ја исмее.

Токму поради ова во идните епизоди од ова шоу авторите ќе се воздржуваат од спрдање со власта, спротивно на она што го правеа до сега. 20-тата сезона од анимираната серија го отслика политичкиот подем на Трамп преку „трамповскиот“ карактер г-дин Гарисон. Но пишувањето на епизодите одело сè потешко како што станувало очигледно дека вистинскиот Трамп ќе победи.

„Последната сезона заврши пред месец и половина, а ние бевме на голема мака да исмеваме нешто што се случува, затоа што тоа беше многу поапсурдно од она што можевме да го измислиме. Така се одлучивме да се повлечеме, тие да си ја прават својата комедија, ние нашата“, изјавил Паркер, еден од авторите на Саут Парк.

Последната епизода заврши со тоа што сатиричниот сурогат на Трамп стана претседател на САД. Првично епизодата требало да се вика „Првиот џентлмен“ и да ја прикажува победата на Хилари, но само еден ден пред прикажувањето нејзината содржина морала експресно да биде променета заради новонастанатите околности. Таа беше прикажана под нов наслов, „О, Боже“.

3 февруари 2017 - 16:24