Сликовници со скулпторски шмек

3-Д печатени книги за деца со нарушен вид

„Добра ноќ месечино" е тн. „тактилна" сликовница, во која сите слики - часовници, глувчиња и куќички - се рељефно испакнати, овозможувајќи со допир лесно да се детектира нивната форма.

Замислена е од истражувачите на Универзитетот Колорадо, а креирана во рамки на Tactile Picture Books Project, заедно со уште неколку 3-Д печатени верзии на познати детски книшки. Секако, и претходно постоеа сликовници на допир. Но сега тие се издигнуваат на ново ниво со помош на технологијата на 3-Д печатење, кое овозможува брзи, прилагодливи и скулптурирани верзии на 2-Д книги. Возможни се дури и печатења на мал број копии по порачка, на која и да е сликовница која веќе постои во „обична" форма.

Овие книги се наменети пред сè за децата со нарушен вид, но може да ги користи и кое и да е друго дете на кое тие би му го привлекле вниманието. А кој би можел да одолее на приказна која ја чувствуваш под прстите?

14 август 2014 - 15:50