Саундтрак на денот

12 ретки снимки на дуетот Кеш-Дилан

Пред некој ден добив плоча од Џони Кеш, и ми падна мака - не ја собира во лаптоп, а во шпорет не свири. Слушањето музика на интернет и не е некоја замена за грамофон, ама па супер легнува која некој ќе ви ги собере на едно место сите ретки снимки на Кеш, овој пат во дует со Дилан.

Дилан и Кеш си се почитувале уште пред да се запознаат. „Едно лето 55-та или 56-та цело лето ја слушав I Walk the Line, и тoа беше различно од сето останато кое некогаш сум го чул. Плочата звучеше како глас од центарот на Земјата. Беше толку моќен и трогателен."

Кога младиот Дилан стапнал на сцената во 1952, Кеш бил импресиониран.

„Во шеесетите имав подвижен грамофон кој си го носев по патиштата, ќе си ја пуштев Freewheelin' зад сцената, излегував и го свирев моето, а потоа кога ќе се вратев пак си ја слушав", пишува пак Џони во неговата „Кеш: Автобиографија“.

Кога конечно се сретнале во 1964. на Фолк фестивалот во Њупорт, Кеш му ја подарил својата гитара на Дилан во знак на почит. Пет години подоцна, кога Дилан бил во Нешвил снимајќи го деветиот албум, Кеш снимал во соседната просторија. Еднаш Дилан навратил. На 17. и 18 фебруари 1969. тие снимиле повеќе од дванаесет дуети. Само еден од нив Girl From the north Country бил снимен на албум, а другите никогаш не биле официјално издадени. Еве ги тука, 12 на број. Уживајте!

Ring of Fire

Big River

You Are My Sunshine

That's Allright Mama

Matchbox

I Still Miss Someone

Guess Thigs Happen That Way

T is for Texas

Good Ol' Mountain Dew

One Too Many Mornings

И омилените:

 

15 Јуни 2012 - 10:19