Бавчи

Бавчи: Клео - Ханибал Коректор

Како самоповикан хроничар, морам да го завршам циклусот за долгонајавуваната иницијатива за оспорување на арачкиот Закон за придонеси на хонорари. Значи, конечно...

Ова е Two Months Off, како што ќе свири во заден план подолу, два месеци гнев, збунетост (и барање смисла во итарпејовски стил), упатства за атомски спреда, тримири секој втор ден, а и надеж за просветлување... за што ќе почекам.

Божиќен пост. Морав да се смирам малку по последниот излив на револт против неразумноста за да се склопи приказнава. Всушност, ме смири ситуацијата на теренот, ама за тоа потоа.

Надежта умира последна, па може некој со повеќе акал од мороните на којшто им текнало да им бркне во џеб на хонорарците ДО ПОЛА ќе го прочита ова.

Има една „олд скул" изрека - ако мразиш некого, пофали го. Затоа следново нема да биде пофалба, туку критика.

Според древноантичкиот македонски принцип - кога ти е фрка, отспиј или заорај бавча (на англиски - го обожавам звукот на дедлајнот кога ќе ми профучи), чатпат саботни размисли за хајзенберговиот принцип на неопределеност (тоа е кога знаеш кај е, ама не знаеш кога - или знаеш кога, ама не и каде - види учебник по хемија за 7 одделение).

Неверојатно што може да го чкрапне етимологот... Ги пуштив гулабите да летаат... лето е.

Втор дел за радиото, останаа некои работи недоречени.

Од фељтонот за светото М-тројство - молитва, музика, математика. Математика чепнав во фракталите, време е за музика.

Нема да ве начека музика ако продолжите да читате за една од волшебните одлики на македонското Н во средина.

Празниците не мора да се празни.

Диверзија 1. Најава. Никогаш не ми се допаѓало тука да гледам извадоци од текстот подолу, пошто после го скокам кога ќе дојдам до него (ако е веќе цитат, па долу има контекст, сигурно ќе го поврзам, нели). Значи, долу има текст за читање и има шанса добро да извози. А сликите се изгрејсонцето од пред некој ден.

01.01. - најмирниот ден во годината. Ни коли брчат, ни кучиња лаат до пладне. Време е да ѝ ставам запршка на сармава што ми се крчка уште од Свети Никола.

Здраствујте, добри луѓе.

Со благослов на Неговото Мегацарство Уредникот, нов бавчанџија. Името ми е Александар, но како и секој Аце коса црта Саше, од премногу прекари на крај остана Клео - тоа клетвата на многуименост (полиномија) ме следи и тука, имам две имиња - Ханибал Коректор. Коректор бидејќи имам нервозно уво желно за чист јазик и значења, па белким тој дар не е бадијала... Ќе видиме.