Moден речник

Вруче хлачице

Можеме да поминеме и без да ги знаме имињава кои ќе ги прочитате подолу. Да. Можеме и да ги игнорираме иако ги знаеме. Мене ми изгледа фер кога на нештата им се дава сопственото име без разлика дали се панталони, јадења, предмети или луѓе. Од таа причина, денес, станица панталонски речник. Maжи, стоп тука.

Италијанскиот е многу креативен кога се работи за имиња. Тука сите нијанси имаат конкретно име и секој вид на панталони или отвор на деколте се вика различно. Така на пример можда во моментов ностите блуза со отвор на ве, отвор капка, отвор брод, отвор "круг околу врат", кореански, француски, американски и толку ми текнува во еден здив. Да видиме какви панталони кој, како и кому. Нешто универзално кажано, нешто преведено од италијански.

Цигара.

Народски кажано, прави панталони. Не се стеснуваат, ниту се рашируваат, моделирани на женски контури, се како да кажам...панталони. Внимание на струкот: кога е низок, доаѓаат до израз сите облинки и фалинки.

Скини

Екстремна цигара. Стојат на пола пат помеѓу хеланки и цигара задржувајќи го аспектот на панталони. Јас лично, не можам веќе да ги гледам, посебно комбинациаја ниски чизми и скини џинс.

Фузò

Да упростиме за да не испадне дека сме ептен неписмени по прашање на имиња на панталони: хеланки од осумдесетите. Со или без ластик под нозете.

Хип хагерс

Најниски и најтесни на свет. Ретко кому стојат добро од проста причина што го потенцираат струкот, визуелно прават да изгледаме пониски и понабиени, а за наведнување да не правиме муабет. Молете се во текот на денот на немате потреба да се наведнете или да клекнете на колена.

Харем

Турски панталони, со низок струк, ласик и многу многу спуштени. Најомразени кај мажите и да, доста непривлечни.

Морков

Поженствени од турcките панталони, соодветни за сите тела но посебно за оние со широки колкови. Широки во пределот на задникот и на колковите, со каиш или копчиња се стеснуваат следејќи ги линиите на нозете и завршувват со ластик. Совршени за жени кои имаат тело во форма на круша.

Бојфренд.

Украдени од дечко ви, маж ви или кој и да е. Со низок струк, спуштени џебови, прав крој, исклучително комотни. За нас се маст- за секој ден. Според некои секси, според некои други страшно несески, зависи на чии очи ќе налетате. Маж ми, на пример не може да ги смисли, а јас за да му удволам како права жена, имам полн шкаф.

Kарго

На нашки, војнички панталони и многу често предложени со војнички принт, широки со повеќе латерални џебови. Завршуваат со врвка или ластик, а денес има и поженствени верзии кои се тесни и завршуваат со патент или ластик, кои според мене се пофина варијанта.

Kоњаница

Тесни до глуждови, покомотни од хеланки и најчесто "засилени" на пределот на колената и на внатрешната страна. Најубаво доаѓаат до израз, секако во комбинација со ниски чизми во коњаница стил.

Палата

Совршени за оние без задник: тесни во струкот и колковите, се отвораат постепено и завршуваат широко. Слонова стапалка Или кај нас ѕвонарки: океј нема потреба од посебни дефиниции. Доволно е само да ја прикријат цела чевла.

Беги

Cо многу низок струк, смканти и спуштени до немај каде. Се чини дека корените на оваа мода се во американските затвори каде затворениците ги носеле така зашто биле логично лишени од секаков вид на каиш.

Чајно

Слични на морковот во горниот дел, имаат два штепови напред и за разлика од овие последниве не се стеснуваат туку се прави. Овој модел е направен за француските и британските воени трупи и само подоцна мигирира како цивилна облека. Океј за пополни фигури.

И тука може да го дотуриме се она што веќе го знаеме: капри, шорт, бермуда а ако има некој доброволец да ме збогати мене со некој термин од бившата, прифаќам со задоволтво. Додека харав низ блогови за да најдам понедосадни слики од време на време и јас не разбирав дал е харем или морков, дали е беги или бојфренд зашто секој од нас си додава по нешто лично и си го интерпретира по логика на слободно паѓање. И тоа е убавото.

Не знам за вас, ама јас со правилата немам некој филинг. Ни рецептите, не ги следам од збор до збор. (Што е можеби и главна причина зашто мене тортите ми се печат повеќе од пишаното време.)

Можевме да поминеме и без да ги знаеме имињава на сите овие панталони. Да. Можеме и да ги игнорираме, сега кога ги дознавме. Ете, јас би сакала да научам уште десетина јазици, зашто секој јазик си има по некој најсоодветен збор. Има ли бе поубав збор од вруче хлачице за шорт?

Сепак, да не претерувам и да престанам да бидам многу конкретна. И фигуративниот речник си има своја убавина.  Говедо на пример си е говедо. Како поинаку можеш да го наречеш?

Емили, Италија

emabela@yahoo.com

22 март 2013 - 20:17