Понеделнички, јуначки

И на цел понеделнички шпринт, кој обично е еднаков на минус два, сабајлето се будиш и заедно со маглата и долгите редици на црвено, ти си мислиш дека денес треба да ја започнеш и диетата која си ја одложувала веќе сто понеделници. Во тие случаи е оправдано да кажеш: "Ебати животот".

Одлуката да бидеш на диета од оправдани причини се носи секогаш по неделниот ручек. Кога наместо да јадеш како совесна жена која не мора да се угои едно кило за време на еден оброк, ти буташ храна ко да си контејнер. И на цел понеделнички спринт, кој обично е еднаков на минус два, сабајлето се будиш и заедно со маглата и накурчените редици на црвено, си мислиш дека згора на сè, денес треба да ја започнеш и диетата која си ја одложувала веќе сто понеделници.

Стануваш од сабајле и знаеш дека денот ќе треба да го ценкаш и меркаш, да премеруваш, да се контролираш дур ти течат лиги, да се правиш дека ти е супер што си на диета дур сонуваш кремендли и пржени компирчиња. Си се напила чај без шеќер, еден двопек кој ти се суши во уста дур замислуваш дека си јадеш кифла со џем, кекс со млеко и несквик или лепче со нутела и вака фино ненаполнета можеш да се соочиш со денот. Не мора, ама ќе спомнам, дека веќе во десет ти се јаде, ти се плаче, а цревата ти кркорат доволно за да слушне цела канцеларија. Ебати животот.  

Ручеците се безобразни. Готвиш за цела фамилија, без да пробаш што си зготвила а ти си правиш пилешки стек и салата. Нема леб, нема вино, нема десерт. Ниту пак кафе со шеќер. Попладнето се преживува само со помош на многу добра воља. Само од помислата дека за некој месец треба да се разголиш, па рацете што се притресуваат на секое мафтање, се тотално глупи.

И трпиш ли трпиш.

Во наредните денови цел личен делириум станува фамилијарен и работен, па за да докажеш дека си жена со карактер, трпиш и трпиш.

Вечерите не знам што диктираат, да речеме, варено јајце и салата. По некое време, почнуваш да глумиш дека ммммм, едвај чекаш да јадеш варено јаце со салата, (пошто наредниот ден те чека нешто бљуткаво од типот на варен карфиол со мисирка на пареа).

Во сите диети се предвидени мали закуски, ако не можеш да издржиш, а ниту една од нив не ја спомнува ноќта. Како средношколка од педесет кила, мислев дека сум дебела, па секој понеделник (а ова јасно збори за моите тајни мазохистички страни) ми беше овошен ден. И освен овошје (кое вбројуваше и кило урми и пола кило суви смокви) не јадев ништо цел ден. Вечерта пиев пиво и иако калориите сума сумарум на крај на денот се едначеа на било кој ден од неделата, ако не и повеќе. Во овие понделнични ноќи сфатив што значи да гладуваш како пес и до ден денес тврдам со сигурност дека вечерите се најзаебаниот дел за диета. Кога сите запспиваа, одев во кујна и јадев кришум. Тоа беше ждерење. На нозе, на брзина, без да оставам трошки и траги. Од кого се криев, уште не знам. Еднаш изедов цел велигденски милиброд, друг пат пола кило руска салата, тегли ајвар и што уште не.

Тогаш најмалку смееш, го имаш цел ден гладување на плешки и радо би си го наполнила стомакот. Пошто  она, дека ако не вечераш, ќе имаш поубав сон, мене ми е сумњиво. Ако ја исклучиме баналната констатација дека сè е ствар на навика, тогаш да си додадам дека кога не јадам ги имам најлошите кошмари и се будам како намќор. Али јуначки се држиш.

Ја преживуваш ноќта. А денот, убав прекрасен. И ти си уште на диета.

Не си за у кафана. Не си за дружба. Не си за пијачка. Не те бива за ништо.

Eдинствено нешто на кое си вистински сконцентриран е храната која не можеш да си ја дозволиш. Се гледаш секоја вечер пред огледало и си мислиш кога ќе дојде денот да влезеш во панталоните кои си ги дала како крајна цел. Па му се вртиш и го прашуваш:

" Срце, ослабев малку а, шо викаш?"

Ова прашање е на топ тен листа од оние работи кои на маж не треба да му ги поставите, невр евр. За да не те слуша ќе ти каже дека изгледаш супер. И да, дека му изгледаш малку подослабната во задникот. А ти можеш да се кладиш дека не си, пошто за една недела газ не се симиња. И секоја диета која ви го гарантира тоа, ве лаже.

Диетата го прави животот многу потажен.

Ама на тоа си требала да мислиш во сите останати денови. Кога си бутала ќебапчиња, си одела на симит во Чаир после излегување. Си јадела пржени компири, пржено месо со нафора. Успат и си мавала по некоја баклава или тулумба зашто си во пиемес, па ептен ти се јаде благо. Си се товела со кекс и си празнела кутии еурокрем зашто не ти е денот. На ручек кај мајка ти или баба ти си празнела цели тепсии, за да не се навреди. Во кафана си нарачувала за тројца наместо само за себе. Па после прасе. Е па прасе.

Прасе во огледало, самодоверба во минимум. Ебати животот.

Пошто заклучивме дека диетата не е убав пријател, доволно е да си дадеме мали правила. Пошто правилата си требаат секаде. Без ригидност и без претерување. Без напнување на цел останат амбиент. Пошто сè може да се контролира и да се избалансира. Барем храната зависи само од наc, не е склоп на околности и не зависи од некој друг. Ако си прасе е зашто сама си го направила тоа. Не ти е крив ниту маж ти, ниту баба ти ниту пријателките. Немаш оправдание да бидеш дебела.

Не треба денот да ти се врти околу храната, но ниту храната да ти е цел на денот. Кога дојдов во Италија, во рок од три месеци се направив прасе. Со кукови и газови и мисиркин врат. Бутав шпагети и пици. Слатки и чоколади. И да ви кажам, не ми беше ич убаво. И затоа ги разбирам оние на кои не им е убаво. И оние кои држат диета.

А пошто за мене диети не се, од причини што не знам да јадам 75 грама макарони. Ко да ти кажат имај секс, ама само до тука. После не. Ебати животот.

Затоа има денови кога јадам чипс, пијам, јадам мрсно, пржено и јадам во три ноќе. Ама тоа го правам повремено. Остатокот балансирам, припазувам и кога ми е најубаво престанувам да јадам. Оставам секогаш по еден или два залаци во тањирот за да не си изгледам правосмукалка сама на себе, а во последно време си измислив игра: ако не ги изедам чоколадово, ќе ми се деси нешто убаво.

И стварно е така.

Ви гарантирам дека функционира.

Јас вчера добив цвеќе.

Емили, Италија

emabela@yahoo.com

17 февруари 2013 - 21:55