Моите нови цицки

Супер е што денес може човек да си ги поправи мааните. Мали ти се, ти паднале, не се осеќаш убаво во сопствената кожа, не се осеќаш привлечна, не се осеќаш доволно секси, се осеќаш стара и ги гледаш попреку сите девојчиња или девојки убави и здрави како пупунци, нема гајле. Плаќаш, исто како за нов пар чевли и си имаш две големи прекрасни топчести и тврди-цицки. Ај у пичку матер сите.

Откако ќе стаиш нов пар цицки, па ќе си го поткренеш задникот, ќе одиш да ти го исцицаат цело сало што си го наталожила. После следи делот, поткревање на носето пошто мислиш дека на мажите им се свиѓаат такви носеви. После ќе си ја пополниш устата од истите причини и ќе се осеќаш секси до иљада. После следат јаболчниците за лицето да ти изгледа како на права порно ѕвезда. И на крај никој од оние кои те опкружуваат нема да имаат муда да ти кажат дека си многу, многу полоша од порано.

Насекаде сум заобиколена со малку поднапараени, корегирани или скроз оперирани жени од сите возрасти. Со тек на време научив да ги распознавам оние добро маскирани од оние кои штеделе на хирургот.

Оние кои се само малку потчепнати од оние кои висат кај пластичарот. Некои имаат над шеесет и сакаат да покажат педесет. Оние пеесетгодишните кои никако не можат да се помират со менопаузата и упорно саккат да покажат минус десет и на крај триеспечес годишни кои објективно, реално и сосема логично немаат никаква потреба од убризгување на силикон за да си ги пополнат брчките. НЗС: заебана сигурност во себе. Е оваа последнава прави лоши шеги.

Што се не се прави заради мало немање на сигурност?

Што не. Да не испаднам несензибилно животно кое не ги разбира несигурностите на жените, мала пауза.

Да речеме дека главниот дел на несигурностите доаѓаат после децата. Линијата не е таа од порано. Вишок на килограми, стрии, целулит и дур ти си опседната со помислата дека не си таа од порано, сигурноста во себе почнува да ти ги прави првите шали. Ја губиш секоја нишка на женка, си го гледаш стомакот кој изгледа како пудинг, мирисиш на бебе најголем дел од денот и од време на време се прашуваш дали маж ти гледа со исти очи. Немојте плиз да викнете одма. Се е тоа супер. Најубаво во свет. Нема поубаво. Али тоа што стануваш мајка не го менува фактот дека во првите месеци, тотално навлезена во мајчинска фаза си малку помалку жена, а повеќе мајка и сето тоа би можело да ти ја трзне сигурноста.

Али и таа фаза си поминува. Со мало внимание, стомакот се враќа од кај што дошол, килата си паѓаат, трудничата надуеност полека полека сплакнува и пак сте си вие. Баш како што советуваат списанијата за бебиња и трудници. Со малку помеки гради од порано, океј, можда некое кило кое нема да го симните, па што? И со прекрасен створ.

Значи да ставаш цицки зашто доењето ти ги "расипало" е ужас за мене. У-жас.

И сево ова може да си се распростани на било кој друг дел од телото.

Зашто да ги пополниш брчките околу устата? За сите да не видат дека си поминала еден цел живот смеејќи се. За да не видат дека си се мрштела, си плачела, си се смешкала, си гестикулирала, си правела гримаси за да го насмееш син ти? Наместо да стигнеш до липосукции и подметачи во задникот, мисли пред тоа. Мисли пред да биде касно. На крајот не можеш да имаш све: да зобаш без усул и да имаш мал задник. А за ова веќе си се објаснив. Нормално, има и варијанта дека можда имаш некое кило плус и со тоа супер си се носиш. И тоа е сосема најдобро. Битно е само тебе да ти убаво.

Јас не знам. Немам уши да слушнам, ниту логичен клик за да сфатам вистински зашто некој сака да си се смени и упрно да покаже помалку години одошто има? Не сфаќам зашто. По мене сè треба да има нормален животен тек. Да ти омекнат градите зашто си доела, да си позаоблена зашто си уживала и да ти се појават брчки зашто си живеела. Што мајка бараш да си го бришеш животот со пластики?

Али, убавото е што денес човек може се да бира. А цицињата се дел од сите слободни избори: како чевлите што ги купуваш, како работата што си ја одбираш или животот што решаваш да го водиш. Баш од тие причини јас бирам да си ги зачувам моите мали цицки.

А ако на маж ми не му одговараат во овој формат, вратата секогаш му ја оставам отклучена и излезот слободен. И ако еден ден заболам од несигурност и решам да си стаам едни нови цицки, нов газ или нов вотевр, некој од моиве блиски е топло замолен да ми го удри текстов од глава.

Тоа.

Eмили, Италија

еmabela@yahoo.com

5 април 2013 - 15:37