За раперцките работи

ММЕ Кој Прв Почна

Дали ние сме се смениле или музиката? Во 90 сетите 1 од 100 беше утка, сега е обратно.

 

Што е репер за добар вкус и дали може квалитетот да се измери на кантар?

Во Македонија (а верувам и во светот) транзицијата од социјалистичко во демократско општество ни донесе многу промени. Јас како претставник на генерацијата родени 80 та година фатив и 11 години СФРЈ и 20 години РМ.

Придобивките на демократијата се следните:

Слобода на изразување (во теорија) било артистички или вербално (исто во теорија) наместо цензура (постои и денес, само е автоцензура)

Слобода на купување хамбургер и Кока Кола - наместо генерација М  имаше месо во плескавицата!) и Јупи.

Идење у Охрид и Црно Море (море во теорија, иако живиот свет се состои од медузите на Жил Верн и гирици) наместо Јадран...

И ред други работи, но сега на ред е музиката.

Све (во тоа се ставам и себеси и мојата група) наспротив Нина Спирова, Верица Ристевска, Зорица Попанкова, Славе Димитров и тн.

Јас правам рап музика.

Себеси не се сметам за музичар, музички сум неписмен (а и со интерпункција сум скаран) и сум слободен уметник т.е. Рапер.

Раперите се гласот на средината во која што живеат и Рап музиката е производ на урбаната средина (во Њу Јорк е измислен - не во Скопје! ) и како таков израз си носи различни ставови и гледишта.

Скопје е премногу мало за некој од некој дел на градот да застапува вонскопски ставови (јас ги нарекувам европски, западни ) и се се рефлектира тука, освен ако скопските рапери не патат од шизофренични - биполарни пореметувања, па да тврдат дека се од гето (рака на срце сум запознал болни луѓе што прават рап)

Се е исто во овие : 42°0′0″ СГШ, 21°26′0″ ИГД и кај сите 668.518 граѓани + туристи и студенти кој што живеат во овој град.

Со исклучоци на луѓе што се партиски врзани и од богати семејства сите останати го јадат средниот. Не средната класа, средниот прст.

Значи заклучокот е следен - срање, општоскопско и општонародно а раперите како глас на народот рапуваат за што?

Некои (јас ги нарекувам таканаречени просветлени уметници) рапуваат за женске, кафиќе, журке и против други рапери (без притоа да именуваат) нарекувајќи ги се и сешто, а себеси спасители на Хип-Хопот (читај Рап музика) без аргументи.

Јас сум во музикава 21 еб** година и многу ретко слушам нешто ново и оргинално, за тоа живеам - младите треба да се 100 пати подобри.

Себеси се имам ставено во позиција да ги познавам лично и персонално сите релевантни, па и нерелевантни рапери (читај Мциња - интерпретатори) во градов и републикава, и ги забележувам сите еволуции и трансформации на протагонистите на Македонскиот рап (најдобар во регионот баш поради фактот што се прави строго за душа од социјалци, деца на алкохоличари, уличари и копилиња) што на подобро - што на полошо.

Идеме пак со кантарот.

Добро е дека рап слушаат сите, ама баш сите средношколци и тинејџери и се повеќе ентузијасти се обидуваат да бидат Хип-Хоп (читај графити, рапери, диџеи и продуценти)

Лошо е дека егото ја јаде сцената и ја парчи на кланчиња кои се нарекуваат репрезенти на рапот, а никако не придонеле за културата - само за некултурата на музиката, па после слушале само тинејџери, а постарите се смеат на навредите кои раперите си ги упатуваат едни на други.

Лошо е што кога правевме Легијата/ЗадАголот хуманитарен концерт (читај хуманитарен, за да му помогнеме на едно дете) таканаречените просветлени уметници не најдоа за сходно да не почестат со своето продуховено присуство, поради што?

Цитирам: Абе кој ги е***, не им идам (а ја знаат цела наша дискографија на памет, но после некој наш концерт - понесени од еуфоријата решаваат да прават самите рап! и опа - ЕГО)

Лошо е да се нарекуваш рапер и поради тебе во истиот кош да ме ставаат и мене и сите вредни, посветени луѓе кои животот си го имаат оставено за оваа музика.

Тони Зен слободно може да тврди дека е ХипХоп, тоа е негово право, (дали е во право е веќе прашање на вкус и есенцијално познавање на ХипХоп културата) исто и останатите колеги од Токсикологија (и луѓето што мислат дека ке ги фати бранот) можат да се прават просветлени уметници (со исклучок на Пука и Марко - кои искрено ги почитувам) и да се исмеваат позади грб на туѓиот труд (а, знаеме кој сме и што сме) но, кога доаѓа прашањето за тоа кој прави искрено музика, без компромиси и без повлекување - тоа ке го каже народот (за кој искрено многу ми е жал, особено за младите што се отруени од сите страни ) и историјата, ние (Легијата) ги имаме запишано нашите имиња во македонската музичка историја, а вас, почитувани колеги, дали сакате да ве запамтат како ХипХоп или ТурбоФолк (пошто таму се парите, не се во рапот - го видов Миле Китиќ денеска во Скопје! Ете ви ја шансата!) тоа е на вас да си одлучите, а едно останува - само делата, парите и славата си одат.

За секоја акција - има реакција, и кармата е кучка.

3 цитати од Конфучије:

"Toa што не го сакаш за себе, не го прави на другите"

"Кога стрелецот ќе ја промаши метата, тој вината не ја бара во ветерот - туку во себеси"

"Со мојата рака свиткана како перница и небото како покривка - среќен сум со овие нешта, слава и богатство стеканати на начини кои се неправедни за мене се како облак што одминува"

 

Крис Рок...за муабетов...

А ова е како треба да биде.

29 март 2012 - 21:32