Бавчи

Бавчи: Џака - WTF

Неам пишано одамна ама баш ништо, неќев да гњавам...сепак бавча е - не нива, па да се ора секоја недела.

Аниху (Anyhow) еве ме повторно во прекрасната Индија-читај МКД.

Како да се справиш со зомби или вампир? Има ли правила или секој си измислува свои?

Уметниците кажуваат лаги за да ја кажат вистината, исто како што политичарите што ги кажуваат за да ја прикријат.
"V"

Мудрец што талка, како Chow Yun-Fat во Конфучије, или ко David Carradine ко во Кунг-Фу-Тај стил!

Добив азил во една западноевропска земја и ке ја бранам Македонија од овде - како секој прав патриот!

Кан, Монако и останатите можат вода да носат - Езерска за нашиот бисер.

Европски цени - Индиска услуга.

Пред цели 10 години, верувале или не - Џака Накот го имаше своето фестивалско деби пред Македонската публика на првиот Аларм Фестивал кој се одржуваше во Охридско Љубаништа.

Од тој ден па наваму фестивалското искуство, дружењето и висењето по шатори ми стана стимул за секое лето.

Некултурата во нашето општество е длабоко вкоренета, да не речам и дека влече традиција од "турско", насекаде ја има, по улиците, по автобусите, во кибер просторот...

Во една дискусија со пријател уметник пред некој ден дискутиравме за перцепцијата (како визуелната, така и психичката и физичката). Факт е дека никој не ги гледа работите како тебе или мене, можеби некој само приближно - нијанси се секогаш во прашање.

Што те прави Скопјанец? Дали е тоа престиж, титула или географска положба?

Белците сепак знаеле да скокаат, особено во Европа.

Падот на комунизмот го донесе ХипХоп бранот низ Источниот Блок и низ екс Ју Просторите...

ХипХоп револуцијата започна.

За Белиот Шеќер следната недела... денес морам да испоштувам.

Адам Jауч а.к.а. МСА -  Почивај во мир.

91 ва година мојот пријател Таз ми пушти касета од House Of Pain.

Луѓево растураа, не ми беше јасно? Бели се!?

Помина и Велигден (зошто Г а не К не се знае, ама тоа е официјалната верзија на драфтот) и Петок 13- ти за некој онака, за некој шит невиѓен!
Мене викендот ми помина работно, се спремаме за денот "Џ" и мојот нов албум, а у меѓувреме дур сум немал нет викендов (ТВ неглеам, освен надреалните вести на Сител за подвизите на Владата) и сум у тотален медиумски мрак.

Април пројде - Шамар дојде...

 

Дали ние сме се смениле или музиката? Во 90 сетите 1 од 100 беше утка, сега е обратно.

Скопје сепак не падна. Се уште има шанса за културата во Македонија, младите можат и мораат да работат заедно (и да ми го купат новото цд кога ќе излезе, а не да ми преснимуваат мп3!)

Премногу за Хаику а премалку за сценарио. Мојата идеја за дисциплинирање на не-реформистите и нивното очајно одолевање на турските серии е следнава.

Алксандар Македонски и неговите легендарни патувања! Македонска, а сепак турска! Турска по елементите и стилот а Македонска по Аце... Се се случува во древното кралство Македонија и во главниот град каде што е роден водачот - Скопје (дупи си ги грците и истовремено си го јачаш национализмот)

Драги Оффери...

Ова е мое прво обраќање на нацијата од Трендоленд, и со гордост можам да соопштам дека ќе ги застапувам ставовите на неправедно изолираниот хардкор и уметноста. Ќе ги охрабрувам сите мали напори да се направи нешто креативно во нашава розева Македонија. Без да објаснувам многу, да прејдам на главното.