Херојско а наше. Да се чудиш

Седми ноември е ден во кој Германија втор пат во историјата ќе доживејт пораз од Охриѓани. Првиот пат четриеспетта, втор пат денеска, з'ш така мораше да бидит. За победата на либертаријанскиот свет да си е поголема и потешка на денов се погрижи и оној прекрасен осмина - Ирец Барак Обама кој си обезбеди уште четири години во обид да го оправдат Нобелот за Мир од пред некоја година. Нормално е на олку настани чоек да испаничит, дури и да се избезумит од возбуда.

„И тогаш ќе дојде тој темнокожен месија и ќе ги обедини сите или барем половината и уште четири години ќе си го лади во белокожната куќа на фотелјата со клацкање. и Шпанија ќе тепа на светско фудбал" - Езекиел 34:25

Се сеќавате ли на Мит Ромни? Републиканецот со насмевка бела како негасена вар и една чета на првотимци кои е одзиваат на името „сине"? Не? Налет. Абе, чоекот си освои еден куп гласој на изборите, ама пошо Америка е демократија во движење, на изборите си тепа демократ, втор пат по ред, нешто на шо му завидвет многу жени! Не, не дека е претседател на САД туку дека мојт два пати едно по друго. Замисли да можеше секој два пати по ред да повторвит иста работа. На пример,

А сон не ме фати од сабајле. Се разбудив во 03:34 и одма се закачив на интернет, пуштив СиЕнЕн на телевизија, се обидов да остварам телепатска врска меѓу шпоретот дома и машините за броење гласој во Флорида и Охајо, ама освен шо ми претече кафето два пати дури глеав ко препариран во телевизорот со едно и во компјутерот со другото око, не успеав да напрам ништо поконкретно по темата. Не бев бе сигурен во победата на Обама, ме уплашија експертите (мижи асан да ти правам експертиза). Сеа гледам дека биле обични идиоти. Љубоморни. Па и Ромни како попче си призна фер енд сквер дека овај е поербап од него и му призна дека му е поголем (еротска пауза) изборниот резултат 12 минути после затварањето на гласачките места. Чудна некоја демократија оваа Америка, абе како едвај да чекат тој шо губит со 0,12% да си признајт дека го окркал / сркнал / изел немиен.

„Ромни победил на првата дебата, па не се знаел конечниот епилог". Ма дај, није ваљда дека уште имат некој шо се ложит на тие глупи дебати кои се тотално непотребни и само го оптоварвет буџетот на телевизијата шо ги прајт (знајте ли колку струја и вода се трошит за време на една дебата?!). Ионака секој си знајт за кого ќе гласат унапред. Не, рекоја експертите, „ќе бидит тесно!". Абе и таа ми викаше дека ќе бидит тесно, па да видиш шо убо си поминавме таа вечер, ептен комотно и весело. Ко ќе си одлучен и спремен, чесен, харизматичен, со уба боја на гласот и кажвиш зборој шо татко ми би ги кажал, па има да бидиш претседател на Америка, сакал или нејќел.

Така да Барак реално и немаше некој особен избор освен да останит на позицијата која му гарантират столче на масата за преговори со долгоочекуваните Марсовци еден ден ко ќе одлучет конечно да не покорет и да си игрет Фармвил со нас. А пошо е вреден и работит ко црнец, вервам дека ќе се изборит за максимално поволни субвенции за цела човечка раса.

Мојава возбуда за избориве во Америка нормално го сардиса цел свет, па утрово фатив неколку интересни муабети, честитки и коментари од еминентни и помалку еминентни фаци за ре-изборот на Обама, кои ги пренесвам интегрално:

„Абе знаев, ЗНАЕВ!" - Нострадамус

„Знаевме и ние, ама џабе" - Маите

„Ника, Ника, Ника, убава Марика, полепши од неа само Барак од Америка" - Драган Вучич („Вашите 10 минути")

„Женет е, а? Океј. Може." - Ванчо Шехтански

„Ме јебеш дека е стварно црнец?!" - Стиви Вондер

„Добро. И?" - Владимир Путин

И, ништо. Кучињата си лаат, нобелот си врви. Ама денес покрај тоа што Брус Спрингстин седми ноември ќе си го слави како празник бидејќи, да се изразам по кумановски, тепа Му Барак, има уште барем два-три сериозни поводи за славје, под исто знаме (Ангела Меркел, а јебига). Денес Охрид ги тепа Германците со 2:0. На 7-ми ноември 1945-та градот е ослободен од клетите фашисти, на истиот ден 47 години подоцна во етер започна да зрачи првата приватна радио-станица во градот во која денес се финализираше еден натчовечки напор - Сашо Митан и Жанко Зш го срушија Гинисовиот рекорд за најдолго музичко радио шоу кој досега го држеше германската експозитура на фамозното Кис ФМ и изнесуваше 74 часа. Новиот на "Супер радио" е за еден час подолг. Ха!

Или како што би рекол Ацо Шопов:

„Три дена во студио седеа збрани со крвави очи на погледот срцен, а секоја песна пуштена во програма ко мелем на душа не гаѓаше в срце. 2:0 за нас, шваби!". Сашо и Жанко, секоја чест! Херојски, а наше. Да се чудиш :)

И нек не се секирет скопјани, аку Охрид влезе во Гинис... Гинис немат да влезит во Охрид. Си го љубиме „Скопско", за инает. Ама дека сеа и гинисарина ќе си се наплаќат си е друг муабет, кој - држит и вода и јачмен и хмељ.

Ај живели!

 

Ако имаш нешто да ми кажиш, покажи креативност на betmenvelit@gmail.com и @BatmanSaysT

7 ноември 2012 - 10:53