Архива

Што кош ќе беше ова?

Асвел загуби од Монако 87:77 во француското дерби од Евролигата, но потегот на вечерта го има, играчот на поразениот тим Нандо де Коло кој успеа да постигне дури 4 поени во една акција. Тројка плус слободно фрлање. Не паметиме вакво нешто во Евролигата, па ниту во НБА.

Не е само диктатор да бидеш, треба на сè да мислиш

На севернокорејската телевизија некако стигнува некоја западна програма за градинарство од почетокот на 2000-те. Вам тоа можеби ви изгледа целосно безазлено, ама на цензорите во Пјонгјанг очи им истера западната пропаганда која се промовира преку програмата - фармерки, според тамошните власти еден од главните симболи на американскиот империјализам.