Архива

Баварската машинерија газдува во Бундеслигата со пет титули по ред

Со убедлива победа од 0:6 на гости против Волфсбург, Баерн Минхен е старо-новиот шампионат во Бундеслигата. Избраниците на Карло Анчелоти го искористија киксот на Лајпциг и предвреме ги разрешија дилемите околу трката за титулата.

Ќе си пуштам порнич, кој го врти Арсенал

Фудбалерите на Арсенал и Лестер 86 минути се мачеа да постигнат гол пред четири дена и на еден навивач на Топџиите му дојде преку глава и си го извади телефонот за да најде друга занимација. Тој што седеше над него го сликна, го твитна, а потоа уследија 2.200 ретвитови. Овој навивач беше единствениот кој виде “гол“ пред Лестер да си постигне автогол.

Сте ги замислиле ли Ибра и Руни со очите на Озил?

Компани, Коста и Агуеро не се лоши, Венгер ко Венгер, ама другиве се за никаде. Златан Ибрахимовиќ да не ти се појави во темница ваков. Си немале работа SPORTbible па земале да си играат со Месут Озил на монтажа.

Рециклирање стари сапуни може да спаси милиони животи

Од една страна, американските хотели фрлаат околу 5 милиони сапунчиња секој ден. Од друга страна, 2,2 милиони луѓе во светот годишно умираат од болести кои можеле да бидат спречени со користење сапун. Ви текнува? 

Да се одмориме малце од Роналдо и Меси

Океј, никој не ме гледа, коли нема, пушти музика да ви покаже батко ви како треба. Ако сум дебел не значи дека не знам како со топката.

Гугл школа за новинарство

Ова е минимумот што треба да го знае секој со тастатура што инсистира да пишува / гуши по интернет. Курсот се однесува на техничкиот дел од работата со вести, како да најдеш, каде да најдеш, како да направиш мапа, правење видеа, дали е вистина или не, и слични. вештини. Има 13 лекции, кои сигурно некој би сакал да ти ги шитне како курс, и сите 13 се гага. Плус на крај полагаш тест, да видиш колку не знаеш.

Првата стотка на Трамп

Иако заморот е како веќе да сме 5-та сезона од серијата, на 29-ти април се комплетираат само првите 100 дена на Доналд Трамп како претседател на САД. Добро, до сега не тргна во ниту една војна. Лошо, многу од останато.

Елон Маск ја издига на клоци идејата за летачки коли

И после повеќе од 100 години автомобили на планетава, растење со нив и детално познавање на најбазичните правила околу нив, пак не ти е сеедно кога минуваш пешачки. Е сега, замисли ја константната нервоза кога истите тие коли и понатаму постојано би шишкале ама сега над тебе.

Зошто древната литература не зборува за чувства?

Од вавилонските епови, преку античката до средовековната литература, импресионирани сме од она што се способни да го направат главните ликови на само неколку странички - да соберат армија, да почнат војна, да ја добијат. Но она што притоа не ни се кажува е како се чувствувале додека го правеле сето ова. Се плашеле ли, си рекле ли некогаш „што ми требаше сето ова?“.