Архива

Кога на дете од Фиренца ќе му кажеш да нацрта црква

Во едно основно школо во Фиренца, учителката побарала од децата да нацртаат црква (на италијански chiesa/киеза). Некое дете го нацртало фудбалерот на Фиорентина Федерико Киеза со виолетов дрес и копачки. Цртежот станал хит, па Фиорентина го поканила малиот Виторио со татко му да дојдат на првата следна средба.

Кај се изгуби овој бисер?

Го откривме одамна ама немаме никаков апдејт за него, до кај е работата и дали ќе нè биде. Само да ве потсетиме колку беше драгоцен.

Каде е Трамп прав за Обединетите нации

Кон крајот на 2016-та Трамп во еден свој Твитер проглас порача "Обединетите нации имаат толку голем потенцијал, а моментално се само клуб на луѓе што се собираат, зборуваат и убаво си поминуваат. Тажно." Ова кај добар дел од поборниците на глобалната институција предизвика напад на уште повеќе твитање и пишување едиторијали.

Најпрецизниот удар на Де Брујн

Таму каде што Американците од публика се тепаат да погодат за 10.000 долари со две раце, Кевин Де Брујне од Манчестер Сити може со една нога. Скептиците сигурно ќе искоментираат дека е местено.

Како да прикажеш историја на филм?

Еден куп историски настани ги знаеме затоа што сме ги гледале преточени во филм, а не затоа што сме гледале документарни снимки од истите. Колку е голем јазот помеѓу овие две прикажувања на она што (наводно) се случило?

Ситничарење на научно ниво

New Scientist ни донесе вест која зрачи со политички оптимизам. Предизборните ветувања не се најкраткото нешто во нашиот универзум.

Роналдо доби статуа која баш и не личи на него

Најдобриот фудбалер во историјата на Португалија ги израдува мештаните на градчето Фуншал каде неговата репрезентација ја пречека Шведска во пријателски меч.

Зошто фудбалерите имаат проблеми со забите

Иако релативно кај мал дел од нив се забележува овој проблем, се чини дека има многу фудбалери кои ја занемаруваат својата орална хигиена до степен да страдаат од болки кои влијаат на нивните настапи.

Знаци дека сте пораснале

Растенијата во вашиот стан се живи, но ниту едно од нив не може да се пуши.

Трамп ги хејта медиумите ама Буш ги малтретираше

14 години откако врз основа на лаги (алтернативни факти) ја втурна земјата во ирачката војна, Џорџ Дуплове Буш комплетно се ребрендира па денес се прикажува како голем сојузник на слободните медиуми.

Поен на Федерер празник за очи

Роџер Федерер за четири месеци ќе наполни 36, ама неговите години не се никаква пречка за држеше тениски лекции. Сезонава го освои Гренд слемот на Австралија опен, а сега го напаѓа мастерсот во Мајами. Најнова жртва му е Шпанецот Роберто Баутиста кој го доби во два тајбрејка 7:6 и 7:6. Поенов е убавина за гледање.

Топ 5 ситуации еден на еден со голман

Карлос Вела, Хернан Креспо, Давид Виља и Роналдо во епизодата дојде да ти докажам дека немаш шанси со мене еден на еден.

Емотивен расказ за лавовската битка на Рио Фердинанд

БиБиСи сними документарец во кој некогаш најдобриот стопер во Европа и капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација раскажува колку му се сменил животот по смртта на неговата сопруга Ребека после што останува сам со трите деца.

Русија: Многу американски нуклеарки се накотија околу нас

Американскиот ракетен штит (АБМ), кој вклучува неколку локации во источна Европа и бродови кои патролираат во близина на руските граници, му даваат можност на САД да започне "огромен изненаден нуклеарен напад на Русија".

Што се случи во светот откако дебитираше Тоти

На 28 март 1993-та на мечот Бреша - Рома, Вујадин Бошков му даде шанса на еден тинејџер по име Франческо Тоти. Епа истиот тој Тоти уште игра за Рома, а во меѓувреме САД назначи тројца претседатели, Роџер Федерер го освои првиот Гренд слем итн, итн...

Зошто Босанец руши рекорд во кршење цигли со глава?

Не е почеток на виц туку реакцијата на Џон Клиз откако беше објавена веста дека Керим Ахметспахиќ за 35 секунди скршил дури 111 блокови и го срушил Гинисовиот рекорд во оваа категорија.

Аргентина се дефинитивно дрва особено во одбрана, а селекторот бира играчи од просечни екипи

Недозволиво е селекција од таков рангот да губи од една од најслабите јужноамерикански репрезентации која 23 години нема видено СП со очи и во трите учества (1930, 1950 и 1994) нема ниту една победа. Не им е изговор ниту отсуството на Меси.

Крвав епилог на македонска свадба

Книжарница во Далас се сетила како да натера луѓе да читаат класични романи - ја претворила нивната содржина во лажни вести. Како нашиов наслов на кој можеби кликнавте не очекувајќи го Чернодрински.

Лукоил во првото полувреме го скрши отпорот на ЕВН

Екипите на Македонски Телеком и Лукоил ги освоија бодовите во вториот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија, а ЈСП и Еуролинк одиграа без победник.

И во Иран има викинзи

Откако Исланд го прослави војничкиот ’хук’, ова препознатливо скандирање на викинзите го направија и навивачите на Иран пред квалификацискиот меч против Кина.