Архива

Кога владата на САД добила Оскар

Во 1964 шефот на Информативната агенција на САД, Џорџ Стивенс помладиот, составил тим кој требало да сними филм под наслов „Деветмината од Литл Рок“. Тој следната година го добил Оскарот за најдобар краток документарец.

Дебакл!

Не баш дебакл, ама одма е друго кога се прави драма. 4 дена пред наградите ни беа дадени 14 предвидувања за добитници Оскар, на другарска база му дадовме бонус од 2 грешки. Дојде време да се пресметаме.

Брегзит гледа, ќар вади

Додека ЕУ и Британија ги копаат бирократските ровови за претстојната битка, Луксембург се зафати со средување и унапредување на својот финансиски систем и технологија.

Голманот на кој му се поклонуваа од пенал Ѕола, Монтела и Батистута

Го носеше прекарот Il Conte (Грофот) поради професионалноста и однесувањето како господин во текот на целата негова кариера која му заврши без ниту црна дамка. Стана дел од шампионската генерација на Лацио и ноќна мора за врвните напаѓачи кои тешко го совладуваа од белата точка.

Трофејната сала на Златан Ибрахимовиќ

Ибра со два убави гола му го донесе на Јунајтед првиот трофеј сезонава а себе си го подари 32. трофеј во кариерата. Англија е шеста земја во неговата кариера, а во пет освојувал титули.

Како знаеш дека бананата е зрела?

Што да прави човек среде луѓе со Туретов синдром? Да се изнапцуе на раат. Фино интервју со прочуениот невролог Оливер Сакс. Уште делот со боите да се оствари па сите оние околу нас кои се слепи за бои да развијат некои други вештини. 

Самсунг понуди молив

Можеби инспирирани од бранот носталгија покренат од оживувањето на Нокиа 3310, Самсунг реши да го открие својот придонес кон враќањето на старите добри вештини и алатки. Тенкоминец, засега не експлодира.

Оскаровската торба со над 100.000 долари во поклони

Торбата ја добива секој можен номиниран за Оскар, а и покрај тоа ваквото раздавање нема врска со Академијата туку е дело на маркетинг компанијта Дистинктив асетс. Во неа поклоните почнуваат од лабело од 5 долари, па нагоре.

Четири интервјуа на Златан по финалето во негов стил

Ако некој е интересен да се брка за изјава после меч на Манчестер Јунајтед, тоа сигурно е Златан кој ретко дава здодевни одговори на новинарските прашања. Со вчерашните два гола во финалето од Лига Купот, Ибра стигна до 26 голови сезонава, а по мечот даде миниум четири забавни интервјуа.

Фудбалерот кој ги изведуваше најопасните аути на свет

Тренерите и играчите пробуваа сè за да го спречат. Се загреваа пред него, му местеа рекламни паноа за да не може да фати голем залет, навивачите му мавтаа, а Венгер бараше да се забрани неговото изведување аут.

Руски дипломати умираат неочекувано

Од последниот ноември до сега од служба и живот се одјавија шестмина високи руски дипломати, плус соработник на екс заменик премиер. Сите освен еден починаа во странска земја а освен кога се работи за пукање, најчесто е „инфаркт“ или „кусо боледување“.

Манчестер Јунајтед – Ливерпул 42:41 или 44:44 во трофеи?

Бројот на трофеи е доста фина тема за расправии меѓу навивачите кои се докажуваат кој тим е најјак на тоа поле. Во пракса тие можат да се бројат по два параметри: освоени и признаени, каков што е примерот со Скудетата на Јувентус кој има освоено 34, ама му бројат 32.

Зошто фактите никого не предомислуваат

Откако ќе се формираат, впечатоците се неверојатно отпорни (на менување), се тврди во заклучоците од една студија од 1975. Во друга, пет години подоцна, се заклучува дека "дури и откако доказите за нивните верувања се комплетно отфрлени, луѓето пак не успеваат да направат соодветни ревизии на овие верувања". Од тогаш истото го имаат потврдено уште илјадници експерименти и студии (што е малку самопророчки), она што ги буни сите е "Како сме станале вакви?"

Пицаааа...

Тенко и крцкаво тесто!

Зелен плик за сите граѓани

Сите македонски граѓани, кои заклучно со 31.12.2016 година биле членови на пензиските фондови од задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, на своите контакт адреси ќе го добијат зелениот плик.

Кога вандали ќе го ишкртаат својот автобус по грешка

Пред саботниот меч против Мидлзборо, група вандали, навивачи на Кристал Палас решиле да го оштетат клупскиот автобус за кој сметале дека е на Мидлзборо, а на крајот сфатиле каква глупост направиле.

Азра: мала школа на политичко мислење

Требаше да молчи и да се прави дека нè нема. Потоната Атлантида. Земја и земји со совршено безначајни култури. Никој и ништо.

Американскиот милијардер што помогна Британија да излезе од ЕУ

Роберт Мерсер е хеџ-фонд менаџер во чие резиме меѓу другото стои и дека е пријател со Најџел Фараж, дека брегзит е делумно и негова заслуга, дека е еден од сопствениците не Бреитбарт, и дека минатата година беше донатор на кампањата на Доналд Трамп.

Нова бомба на капитенот на Андерлехт

По двата страшни гола во две минути минатото коло, капитенот на Андерлхет Јури Тилеманс синоќа пак го натера цел стадион да се држи за глава. Бриселците го добија Генк со 2:0.

„Под песокот“ (Under sandet/Land of Mine, 2016)

Oвој филм не го доби Оскарот во категоријата „најдобар странски“. Штета, затоа што играта со зборови од неговиот наслов можеше добро да легне. Плус, филмот е одличен, иако на моменти тежок за гледање.

Оскар за погрешно доделување Оскар

Доделувањето на Оскарите е едeн од највнимателно подготвуваните настани на денот, кога се внимава на детали кои не можете ни да ги замислите. Па сепак, колку да се потсетиме дека без разлика на напредната технологија, човечката грешка сè уште е озбилен фактор на оваа планета.