#Омајгад слави 1 година со журка и промотивни цени

Ае шеќер да е!

Кирилицата што се носи, кај и да е ќе прооди. Се наближува 13-ти септември, што значи дека помина една година од појавувањето на брендот #Омајгад, чија примарна дејност е создавање на „Кирилицата што се носи", односно маичките со кул натписи.

После три колекции и безброј убави луѓе кои ги носат Омајгад маиците, оваа сабота на 13-ти септември во Кафе Бар Љубов, ќе биде прославен роденденот на Омајгад со тринаесетчасовна дружба.

"Се мислевме што да правиме за роденденот, па на крај испадна да дадеме љубов во Љубов :). Сакаме да биде целодневна дружба на убави луѓе, сплет на млади и стари и така во знак на среќниот број 13, да истераме тринаесет часа дружба со сите пријатели, познаници и тие што ќе станат нови пријатели на Омајгад," изјавува креаторот на Омајгад, Гоце Велески.

Освен дружбата во Кафе Бар Љубов, по промотивна цена ќе се продаваат и маичките што останале од претходните колекции, а воедно за прв пат ќе има и постери во лимитирана едиција.

"Не сакавме да направиме нови маички, за да оставиме нешто за наредна година, али затоа направивме постери од неколку дизајни кои луѓето ги бараа," објаснува #Омај Гоце

Роденденски музика ќе пуштаат диџеите Game Over и Васо, а добрите дечки од Љубов направија Омајгад коктел.

11 септември 2014 - 12:21