Кажете драгичка:

Македонија е петта по ропство

Постои нешто што се вика модерно ропство. Сите оние јадници од целиот свет кои без видливи синџири на нозете, секојдневно биваат принудени или измамени на работа која не можат да ја одбијат или сменат. Постои и глобален индекс на ропство кој ги мери тие работи. На тој индекс, во рамки на Европа и централна Азија, Македонија е на високото петто место.

Џон Клиз:

Како вака сиромашен испаднав после 50 години работа?

„Зачудувачки сум сиромашен после кариера долга пет децении,“ сумираше стариот монтипајтоновец кој работи со полна пареа и на свои 84 години. Не дека Клиз не знае зошто е тоа така. Имаше развод од сопругата кој го чинеше 20 милиони долари а и признава дека не штеди пари кога се работи за подмладување со матични клетки.

Америка рушелa ирански дронови повеќе од Израел

Израел како свој триумф ја славеше неодамнешната одбрана на земјата од иранските ракети и дронови кои се одмаздуваа за израелскиот напад на нивниот конзулат во Сирија. Сега испаѓа дека Американците срушиле повеќе од половината смртоносни честитки пратени од Техеран. Подоцна Израел возврати но Иран им порача дека со такви дронови кај нив деца си играат.   

Речник

Амнести ја критикуваше Европа за двојни стандарди кон Газа

Ужасната ситуација во Газа е во фокус на последниот извештај на меѓународниот Амнести во кој се критикуваат Германија (особено шефицата на дипломатијата Аналена Бербок) и другите европски држави за лицемерие и двојни стандарди во однос на тамошните страдања. Израел изведува колективна казна за сите цивили во Газа а Европа со месеци останува на тоа дека е загрижена.

Американците да и кажат фала на Америка што следи и прислушкува

Њујорк тајмс со сета своја сериозност објави текст во кој се хвалоспева и величи следењето и прислушкувањето што го врши американската разузнавачка машинерија и дома и низ светот.

Што сè денес е расизам

Еден популарен американски синџир на продавници со години прави скрининг на кривичните досиеја и криминалната историја на оние кои се јавиле да работат кај нив. Нејќат луѓето осудувани лица. Сега попија тужба од државна агенција за работни односи која цени дека таквата пракса е - расистичка.

Off Topic

Светлина во забавена снимка

Не е нов пронајдок ама уште ни е фасцинантен. Стадардна филмска камера снима 24 фрема во секунда. На МИТ имаат развиено камера со - пазете- трилион фремови во секунда! Практично, снима како се движи светлината: движење на фотони во една нано секунда, го развлекува во 20 секунди. Да снима куршум како пробива јаболко, снимката би траела година дена.

Каде ти со таа „оземпик фаца“?

Пластични хирурзи предупредуваат дека Холивуд го зафаќа криза на „Оземпик фаца“, карактеристична за брзо слабеење за кое е заслужен Оземпик, лекот за дијабетес (кој го има креирано ќерката на Лазар Мојсов, висок комунистички функционер од Македонија). Не е само Холивуд туку е глобална манија: на ТикТок има 86.700 видеа тагирани со „оземпик.“ Каква е оземпик фацата? Скоро како кај Рацин: „веѓи паднаја надолу и усти се свија кораво“.

Што сè нема да прават некои мажи, само дома да не седат

Оние кои имаат јаки раце, одат па се буткаат на раце. Оние кои имаат јаки нозе, одат па се тркаат со точаци. Оние кои имаат јаки лакти, напредуваат во кариерите. Што прават оние кои имаат јаки уши? Сега ќе видите. Ама па добро, на овие јадници кога им горат ушите, барем знаат дека не е од тоа што некој ги зборува.

Само во Белград ли да се лета?

Во еден скорешен напад на футуристичка епифанија, Александар Вучиќ најави дека до 2027-ма година во Србија ќе има летечки автомобили и таксија. Некои пакосно реагираа со предлог прво да смислат начин како на автобусите за јавен превоз да не им испаѓаат тркалата, ама оваа советничка (мислиме дека е Лесковац), сака нејзиниот град навреме да го фати „возот.“ Така е кога ќе летне пилето. 

Колку трпи Алек Болдвин?

Нема поголема офтика од оние активисти кои мислат дека во секој момент и на секое место, другите треба да се произнесат по нивната кауза. Такви беа БЛМ, такви беа шарените кои грдеа луѓе седнати на кафе додека тие „ни ја ослободуваат државата“ (од 6 до 8 пред СЈО, по што доаѓаа во истите кафичи), таква е и оваа која го начека Алек Болдвин и хистеришеше да каже „Free Palestina“. Ние пократко ќе издржевме од него. 

Женска инкарнација на Данило Бата Стојковиќ

Или ние сме подзабегале или само ни недостасува Бата (Маратонци, Ко то тамо пева, Грлом у јагоде...), тоа глумчиште кое градеше неповторливи архетипски ликови од Балканот, ама женава неодоливо нè потсети на неговиот Човоровиќ од Балкански шпион. Оди мирно, навидувам си гледа своја работа, ама само затоа што никој не ја прашал за ништо. А кога ќе ја прашаш, ете го Бата, ете ја Сека!

Локалности

Net Roulette

Offside

Учесник на маратонот во Лондон застанал многу пати за да цугне различно вино. Сево ова од хумани причини за успешна хуманитарна акција, а на крај вика дека бил трезен.

Off Café

Bookbox

Некои од нас сè уште се сеќаваат на мини-серијата „Шогун“ од 1980, со Ричард Чемберлен и Тоширо Мифуне, за англиски морепловец кој станува дел од комплицираните политички игри во феудална Јапонија. Речиси половина век подоцна, новата верзија е визуелно многу побогата, но и уште повозбудлива. 

Познат по своите надреалистички дела и ексцентричното однесување, Дали често знаел и „кодирано“ да одговара на новинарски прашања. Сега посетителите на Музејот на Дали во Санкт Петерсбург (ама не во Русија, туку во Флорида) ќе можат да го прашаат што сакаат, а уметникот кој почина во 1989 ќе може да им одговори со помош на ВИ.

Случајот Голдман: филм за француското „судење на векот“

1970-тите во Франција се нестабилен период на пад на геополитичката моќ на земјата, крај на поствоениот економски напредок и продлабочување на јазот помеѓу десницата и левицата. Во сето тоа, еден судски случај, иако воден за „обичен“ криминал (кражби и убиство), дополнително придонел за заострување на критиката кон државата и нејзините институции. 

Човекот кој го измисли Пајо Паторот но со години остана анонимен

На индонезиски Донал Бебек, на италијански Паперино, на шведски Кале Анка, на англиски Доналд Дак. Опишан како „бела антропоморфна патка со портокалов клун, нозе и стапала“, тој прв пат се појавил во цртан на Дизни во 1934. Неговиот најдобар цртач долго време останал анонимен, живеејќи на работ од калифорниска пустина. Додуша, ова му одговарало на Дизни кој се претставувал како цртачот.

„Стихијна и анархоидна состојба“ - текстот против надреализмот на Димитар Митрев од 1957

Неодамна известивме за необична промоција на книга - хроника на еден век надреалистичко движење кое започнало во Франција во 1924-та. Тоа во педесетите пристигнало и во Македонија. Но големите имиња на тогашната книжевна критика во најмала рака не му биле наклонети.

Off Course

Храна за возрасни

Стигнавме на дното